Group photo

Во рамки на проектните активности на проектот СПИДЕ, од 24-28 Октомври, се организираше последниот настан за градење на капацитетите (StudentHub) при Факултетот за администрација (Универзитетот во Љубљана). Учество на овој настан земаа студенти и академски кадар од сите партнерски институции во проектот: Институтот за бизнис економија како проектен координатор, Факултетот за администрација, Колеџот за Економија и Култура (Рига, Латвија), Универзитетот за применети науки (Кел, Германија).

IMG_2354

Целта на овој настан беше да се зголемат претприемачките способности и искуство на студентите, преку низа активности и практични ангажмани. Покрај ова на настанот сите партнерски институции имаа можност да разменат искуства и иновативни методи како и најдобри практики кои ги користат во образовниот процес. Во рамки на настанот беа спроведени следниве активности: презентација на спроведените активности, остварените цели и постигнатите резултати на проектот, предавања од професионалци на различни теми од областите менаџмент и претприемништво, студиска посета на бизнис инкубаторот при Универзитетот во Љубљана, решавање на постоечки бизнис сценарија и креирање нови во Софтверот за бизнис симулации (BSS).

IMG_2370

СПИДЕ е имплементиран од страна на проектниот конзорциум кој се состои од четирите спомнати партнерски високообразовни институции во период од 24 месеци (јануари 2017 – декември 2018 година). Проектот е поддржан од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во рамките на програмата Еразмус + КА2 – 203.

Related Posts

Вести и настани

СПИДЕ Финален настан: Сумирање на проектните резултати и комплетирање на проектните задачи

Како дел од проектните активности во рамки на проектот СПИДЕ, финален настан се организираше на 5-6 Декември, во просториите на Институтот за бизнис економија и Факултетот за бизнис економија. Настанот имаше за цел финализирање на сите проектни Read more…

Вести и настани

Максимизација на видливоста на резултатите од СПИДЕ проектот преку успешна организација на Мултиплицирачки настан

Во рамки на проектните активности на проектот СПИДЕ, на 4ти Декември, во просториите на Факултетот за бизнис економија беше организиран Настан за промоција на проектните резултати (Мултиплицирачки настан). Настанот беше проследен со огромно внимание како Read more…

Вести и настани

Известување за одржување на настан за промоција на постигнатите резултати од проектот “SPIDE”

Во рамки на предвидените проектни активности од проектот “SPIDE” на 04.12.2018 во просториите на Факултетот за бизнис економија ќе се одржи настан за промоција на постигнатите резултати од проектот (Multiplier Event). Настанот ќе има за Read more…