Како дел од проектните активности во рамки на проектот СПИДЕ, финален настан се организираше на 5-6 Декември, во просториите на Институтот за бизнис економија и Факултетот за бизнис економија. Настанот имаше за цел финализирање на сите проектни задачи, и го означи почетокот на подготовката на завршниот извештај. На овој настан присуствуваше најмалку по еден член на проектниот тим од секоја од партнерски организации: Институтот за бизнис економија (во улога на проектен координатор), Факултет за администрација (Универзитетот во Љубљана), Колеџот за економија и култура (Рига, Латвија) и Универзитетот за применети науки (Кел, Германија).

Во рамки на првиот ден од настанот, дискусијата се однесуваше на најважните финансиски и административни аспекти на проектот, и што е она што треба да се комплетира од проектната документација до поднесувањето на финалниот извештај. Потоа, секој од членовите на проектниот тим, ги презентираше целите и резултатите на секоја од проектните компоненти. Во рамки на вториот ден од настанот, партнерите дискутираа за искуствата од имплементирањето на СПИДЕ, како и за одржливоста на проектните резултати и идните можности за соработка меѓу институциите.

Финалниот настан претставуваше последниот настан, како дел од имплементацијата на проектот СПИДЕ, чии резултати веќе се покажаа како доста успешни во имплементирањето на иновативни практики за учење и пракса на студентите.

Related Posts

Вести и настани

Максимизација на видливоста на резултатите од СПИДЕ проектот преку успешна организација на Мултиплицирачки настан

Во рамки на проектните активности на проектот СПИДЕ, на 4ти Декември, во просториите на Факултетот за бизнис економија беше организиран Настан за промоција на проектните резултати (Мултиплицирачки настан). Настанот беше проследен со огромно внимание како Read more…

Вести и настани

Известување за одржување на настан за промоција на постигнатите резултати од проектот “SPIDE”

Во рамки на предвидените проектни активности од проектот “SPIDE” на 04.12.2018 во просториите на Факултетот за бизнис економија ќе се одржи настан за промоција на постигнатите резултати од проектот (Multiplier Event). Настанот ќе има за Read more…

Вести и настани

Успешно организирање на последниот настан за градење на капацитетите (StudentHub) во рамки на проектот СПИДЕ

Во рамки на проектните активности на проектот СПИДЕ, од 24-28 Октомври, се организираше последниот настан за градење на капацитетите (StudentHub) при Факултетот за администрација (Универзитетот во Љубљана). Учество на овој настан земаа студенти и академски Read more…