Главната иновативна компонента на проектот е развојот на софтвер за бизнис симулација (СБС), ќе биде ИКТ алатка развиена од тим составен од програмери и наставен кадар од соодветните партнерски институции кои ќе ги зајакнат иновативните и креативните капацитети на студентите во текот на нивните предавања по предмети од областа на претприемништвото и менаџментот. СБС ќе презентира иновативен концепт во образовниот процес на студентите кои ќе спојуваат користење на практично искуство и ИКТ алатки, со цел на крајот да ги задоволат потребите на пазарот на трудот и бизнис секторот. Покрај презентирањето на симулирано деловно опкружување на учениците, СБС ќе биде искуство за учење, овозможувајќи им на учениците да ги видат, да ги корегираат и да учат од нивните грешки во текот на целиот процес.

Како дел од компонентата 2, учениците ќе бидат главен учесник и клучен корисник на развојот и користењето на софтверот за бизнис симулација, бидејќи се очекува дека ќе ги зголеми нивните практични претприемачки вештини. Учеснииците, наставниците и членовите на проектниот тим ќе бидат активно вклучени во развојот на софтверот, заедно со други засегнати страни (програмери и ИТ кадар од секоја партнерска високообразовна институција). Дополнително, одговорните членови на проектниот тим за развој и користење на СБС, ќе бидат дел од настан за интензивна студиска програма, организирана со цел презентирање и дискутирање на карактеристиките на развиената ИТ алатка.
Членовите на проектниот тим ќе бидат одговорни за организирање, спроведување и координирање на спроведувањето на проектните активности, како и споделување на резултатите од проектот на други заинтересирани страни.